Општина Охрид ќе треба да изготви Локален акционен план за унапредување на положбата на лицата со интелектуална попреченост. Ова ќе биде обврска од Меморандумот за соработка, што претставниците на локалната самоуправа го потпишаа денеска, со Републичкиот центар за лица со интелектуална попреченост “Порака” и “Хендикеп интернационал-Југоисточна Европа”.
Изготвувањето на акциониот план е дел од проектот на Центарот “Порака”, кој е финансиски подржан од Програмата за мали градови на Амбасадата на САД во Македонија. Во изготвувањето и реализацијата на овој проект предвидено е да се вклучат претставници на Охридскиот Центар за социјална работа, Дневниот центар за лицата со интелектуална попреченост „Порака“, Здравствениот дом Охрид и охридките Здруженија на хендикепирани лица.
Локалните акциони планови за унапредување на положбата на лицата со интелектуална попреченост (ЛАПП), освен во Охрид ќе се развиваат и во Виница и Куманово.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com