Подобрени условите за настава на учениците во ООУ „Св. Климент Охридски“ со набавката на смарт табли.

Како што информираат од училиштето набавени се 10 смарт табли во износ од 390 000 денари, инвестирани средства од Општина Охрид планирани во годишната развојната програма на училиштето.

Со тоа OOУ„Св.Климент Охридски” стана и вистински образовен центар во кој учениците ќе можат да следат целосна дигитализирана настава, што ќе придонесе поголем квалитет и поголема мотивираност за вклучување на учениците во настава. Оваа дигитализација на училштето беше долгоочекувана желба на наставниот кадар и менаџментот на училиштето, така што веќе 90 проценти од училишните простории се комплетно дигитализирани, вели директорот Јордан Пуроски.

Додава дека по завршувањето на денешната обука на наставниот кадар, наставните содржини ќе се реализираат исклучиво во дигитална форма.

Во наредниот период секој наставник ќе оддржува јавни часови со примена на дигитални соджини за интерактивна настава, потенцира Пуроски.

OhridNews