Обезбедени подобри услови за учениците во подрачниот објект на ООУ „Кочо Рацин“ во село Долно Лакочереј.

Со средства од буџетот на Oпштина Охрид извршено е комплетно уредување на влезот во училиштето, поставена е пристапна рампа за лица со посебни потреби и извршена е реконструкција на училишните тоалети, информираат од Општина Охрид.

Додава дека продолжува инвестирањето во образовните институции и осовременување на условите за настава.

OhridNews