На неформалниот прием кој во Општина Охрид, се одржа вчера, се разменија голем број мислења и очекувања за влегувањето на ТАВ-Македонија, во македонското авио-сообраќај. Исто така беше зборувано и за Развојните планови кој Општина Охрид, ги има изготвено, за инфраструктурно уредување на просторот, кој гравитира кон Аеродромот Св.Апостол Павле.
– Ќе соработуваме со менаџментот на вашата компанија и ќе ја имате целокупната наша поддршка. Се’ што е во наш домен, со максимални сили и според објективните можности ќе се потрудиме да помогнеме.– му вети Петрески, на менаџерот Курт.
Тој изрази и надеж дека наскоро ќе се реализираат и ветувањата на Владата за автопатно поврзување на Охрид преку Гостивар со Скопје, како и кон македонско-албанската граница, бидејки добрата сообраќајна поврзаност на Охрид со светот, еден од најважните услови за развојот на туризмот и стопанството воопшто.