Воведувањето „воена состојба“ на окупираните територии треба да се смета само како псевдо-легализација на грабежот на украинскиот имот преку уште едно „прегрупирање“, изјави денеска советникот на украинскиот претседател Михаил Подољак во првичната реакција на денешниот декрет на рускиот претседател Владимир Путин за воведување воена состојба во четирите области кои неодамна беа анектирани од Русија.

Тоа не менува ништо за Украина. Продолжуваме со ослободување и деокупација на нашите територии, напиша Подољак на Твитер.

Путин денеска на седница на Советот за безбедност најави воведување воена состојба на територијата на четири украински региони кои Русија неодамна ги анектираше.

Путин потсети дека во регионите Доњецк, Луганск, Керсон и Запорожје таков режим беше во сила дури и пред Русија неодамна да ги анектира.

OhridNews