Советникот на украинскиот претседател Михајло Подољак денеска објави список на оружје што, како што тврди, и е потребно на Украина за да се стави крај на војната.
Ќе бидам директен – ни треба тешко оружје за да ја завршиме војната: 1.000 хаубици од 155 милиметри, 300 повеќецевни фрлачи (MLRS), 500 тенкови, 2.000 оклопни возила и 1.000 беспилотни летала, напиша Подољак на Твитер.
Тој најави дека в среда на 15 јуни во Брисел ќе се одржи состанок на Контакт групата на министри за одбрана и оти Украина „чека одлука“.
OhridNews