Бранителите на Мариупол „го сменија текот на војната“ со тоа што издржаа 82 дена, изјави советникот на украинскиот претседател Михајло Подољак.
Како што пренесе Би-Би-Си, тој рече дека одбраната на пристанишниот град ја прекинала операцијата на Русија за заземање територии во источниот и јужниот дел на земјата.
Според него, разговорите за евакуација на повеќе луѓе од челичарницата Азовстал, последната преостаната област на градот под контрола на Украина, биле тешки, но имало надеж дека тие ќе бидат успешни.
Подољак, еден од украинските преговарачи, вели дека генералните мировни преговори со Русија се ефективно на „пауза“ и повтори дека Украина не е подготвена да отстапи каква било територија.
Но, тој додаде дека „секоја војна ќе има ист крај – на преговарачка маса“.
OhridNews