Со државната награда „Св. Климент Охридски”, се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, спортот, заштитата на околина и во социјалната дејност. Државната награда се доделува секоја година на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани од земјава.
Подетални информации околу начинот на поднесување на инцијативите може да прочитате во целосниот текст на Јавниот оглас, кој е објавен на веб-страницата на Министерството за култура.