Подносителите на пресметки на бруто-плата (работодавач, самовработено лице, индивидуален земјоделец, верско службено лице или државна институција) имаат можност да им бидат отпишани камати на достасани обврски по основ на придонеси од задолжително социјално осигурување кои настанале во периодот од јануари 2009 година заклучно со декември 2014 година.
Правото може да се оствари доколку најдоцна до 31 декември 2015 година се поднесе Барање за отпис на камати на достасани обврски по основ на придонеси од задолжително социјално осигурување за период од 2009-2014.
Барање за отпис на камати може да поднесе секој обврзник за пресметка и уплата на придонесите (работодавач, самовработено лице, индивидуален земјоделец, верско службено лице или државна институција), кој има камати по основ на достасани обврски за придонеси од задолжително социјално осигурување, кои: Настанале во периодот од јануари 2009 година заклучно со декември 2014 година, односно кои произлегуваат од месечни пресметки на бруто-плата (МПИН) за период најрано од јануари 2009 година, а најдоцна до декември 2014 година; Се утврдени со конечна месечна пресметка на бруто-плата (МПИН); и Не се платени на денот на поднесување на барањето.
Подносителот на барањето има право на отпишување на каматите за придонесите од задолжително социјално осигурување, доколку нема заостанати обврски по основ на придонеси од задолжително пензиско и инвалидско осигурување и/или здравствено осигурување кои настанале заклучно со декември 2008 година или има обврски по овој основ, но поднесено е барање за отпишување на камати за тој период согласно со овој закон.
OhridNews