Основното јавно обвинителство Охрид поднесе Обвинителен акт против две лица за кривично дело – Бесправно градење согласно член 244-а став 1 од Кривичниот законик.

Според соопштението од Обвинителството, осомничените на возраст од 49 и 48 години, како соизвршители, на 27 јули оваа година започнале да градат објект на нивно земјиште, без одобрение за градба издадено од надлежен орган. На постоечкиот објект во центарот на Охрид изградиле доградби од северната страна, во сутеренот, приземјето и на катот, проширувајќи ги со армирани бетонски плочи и столбови, по што продолжиле да го надградуваат објектот со две армирано бетонски плочи со кои ја зголемиле неговата катност.

Против првиот обвинет во овој предмет се води судска постапка за уште едно бесправно градење во центарот на Охрид.

OhridNews