Основното јавно обвинителство поднесе жалби на вкупно 21 решение на судија на претходна постапка кој одлучувале и и ги издвои од предметот како незаконски прибавени докази прислушуваните аудио материјали односно „бомби“ што ги објавуваше опозицијата за наводна корумпираност на владини функционери. Жалбите ќе бидат испратени до Апелациониот суд којшто треба да одлучи дали ќе ги прифати или отфрли, соопштуваат од Основниот суд Скопје 1.

Основниот суд Скопје 1 Скопје, во вторникот соопшти дека судија на претходна постапка донел решение со коешто забранил да се користат прислушуваните материјали, или ткн „бомби“ кои со месеци ги емитуваше најголемата опозициска партија СДСМ како наводни сведоштва за корумпираноста на челните луѓе од актуелната власт, како докази во истражната постапка, бидејќи биле собрани на незаконит начин. Оваа одлука е донесена по барањето на адвокатот на премиерот, Никола Груевски, за издвојување на докази од списи на Основното Јавно обвинителство.
 
Адвокатот Додевски ги искористил законските одредби кои на судијата на претходна постапка му даваат надлежност да ја цени законитоста во водењето на истрагата од страна на јавниот обвинител и прибирањето на доказите.

До Обвинителството поднесени се 27 кривични пријави и се водат предистражни постапки против осомничените Никола Груевски, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Кирил Божиновски, Сашо Мијалков, Ирена Мишева, Мартин Протуѓер, Тони Трајковски и Коце Трајановски.

OhridNews

извор: Макфакс