Единица за борба против корупција при ООК до ОЈО Струга поднесе пријава против В.П.(42), Референт за катастарски  работи во Агенцијата  за катастар на недвижности – Одделение Струга, поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“.

Тој е осомничен дека делото го сторил на тој начин што во катастарските евиденции не запишал Заложно право – хипотека во корист на Г.Ќ. од Струга во текот на 2007 год., туку многу подоцна дури на 02.06.2010 год, откако веќе настанале промени на сопственоста на недвижниот имот – предмет на заложното право, со што на сегашниот сопственик на недвижниот имот, Н.Ж. му нанел штета,  односно му го ограничил правото на слободно располагање со недвижноста која ја купил како совесен купувач и за која знаел дека не е оптоварена со никакви права во корист на трети лица.

OhridNews