Пријавениот, како поранешен директор на ЈП „Охридски Комуналец“ во април 2007 година склучил договор со АД „Галеб“ за издавање под закуп на изградено градежно земјиште „Нова автобуска станица“ во Охрид. Во 2008 договорот повторно бил обновен иако АД„Галеб“ не ја платил закупнината од 2007 година, а во 2009 година во спроведената постапка за издавање под закуп со јавно наддавање по оглас, Б.П. ги игнорирал укажувањата и сугестиите на комисијата за спроведување на постапката за целосна наплата на долгот, истиот не покренал постапка за присилна наплата и повторно склучил договор со АД„Галеб“ овозможувајќи му имотна корист во вкупна вредност од 1.982.412 денари.
извор: МВР