СВР Охрид поднесе кривична пријава против 38 годишен жител од Елбасан, Република Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ .

На 07.11.2021 година околу 20 часот, на локален пат во селото Оровник, Oпштина Дебрца, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција , сопреа и извршија преглед во патничко возило „Цитроен Берлинго“ со албански национални ознаки, што пријавениот го управувал. Притоа, во задниот дел од возилото биле пронајдени и одземени пет торби со 100 пакувања марихуана со вкупна тежина од околу 100 килограми. Судија на претходна постапка при Основниот суд во Охрид му одреди мерка притвор, информираат од СВР Охрид. 

OhridNews