Вечеравечер од Основниот суд 1 во Скопје потврдија дека е поднесен обвинителен акт за случајот Пуч, меѓу кои еден од обвинетите е лидерот на опозицијата Зоран Заев, објави „Телма“.
Обвинението е пристигнато во судот и предадено е на судски совет кој дополнително го разгледува. Од судот не соопштуваат повеќе детали. Обвинетите имаат право на приговор на обвинението, по што доколку тој биде одбиен, ќе биде закажан судски процес.
Зоран Заев, Зоран Верушевски и вработени во полицијата се обвинети дека преку употреба на незаконски средства на следење и шпиунирање со упатување на сериозни закани кон високи државни функционери сакале да извршат преврат и да изнудат разни услуги.
Повеќе детали од судот најавија за следната седмица.
Соопштението за обвинителниот акт против Заев следува набргу откако тој од Кавадарци, најави дека на 17-ти Мај во Скопје ќе се одржи голем сенароден протест.
OhridNews
Извор: „Телма“