Во Лондон се продава подморница за две лица по цена од 6,9 милиони евра, а понудена била и поефтина верзија за 2,3 милиони евра. Подморницата „Спајмастер Оркасаб“ под вода може да издржи 80 часа, а патниците не мора да се грижат за воздух, бидејќи таа има систем за одржување живот во својата внатрешност. Освен тоа може да оди на длабочина од 1829 метри, нуди доволно место за двајца патници, тешка е четири тона, а долга 6,7 метри. Идеална е за оние кои сакаат да го истражуваат подводниот свет.
Компанијата Спајмастер дизајнирала подморница чиј изглед потсетува на воен авион. Се напојува со батерија, а за контрола се користат педали и палица. Контролите се слични како кај воениот авион, бидејќи се користат истите принципи на аеродинамика. Опремена е со технологија која вклучува сонар за спречување судари, дигитален систем за комуникација со голем домет и ЛЕД систем за осветлување. Стандардната верзија од подморницата чини 2,3 милиони евра, додека верзијата која може да оди подлабоко чини 6,9 милиони евра.