Со пригодна свеченост во селото Подмоље беше пуштено во употреба повеќенаменското спортско игралиште кое се протега на 750 квадратни. На игралиштето има терен за мал фудбал, кошарка и терен за одбојка со песок.


– Ова повеќенаменско игралиште за фудбал , кошарка и одбојка ќе внесе нов, позитивен момент во секојдневието  на мештаните.   Ќе се согласиме дека,  спортувањето и физичката активност се едни  од најбитните сегменти во општествениот живот кој има повеќекратни позитивни ефекти врз идниот развој на  сите нас . Спортската активност е клучен фактор за создавање на здрави генерации, какви што му  се потребни на Охрид и  Република Македонија. Токму затоа, ние како Локална власт правиме се за спортско пулсирање  на градов. Ветеното го исполнуваме.  Охрид веќе има 18  спортски игралишта  а насочени сме кон изградба на останатите од вкупно   30  игралишта за маалски баскет кои треба да ги добие Охрид. – рече градоначалникот Никола Бакрачески.


Во изградбата на повеќенаменското спортски игралиште учествуваа охридските јавни претпријатие, а чини 730 000 денари.


На ревијалниот турнир во Подмоље победи екипата на Оровник совладувајќи го во финалето тимот на Лавови.

 

Ohridnews