“Чеда Божји го политизирам ова…..“. Продолжи Попе и свиркај си. Не ѕвери се онакво. Од сега така ќе бидит. Пеј. “Чеда Божји го политизирам ова бебе доаѓајќи на свет како Божји слуга и крштевајќи го одма да почне да му служи….“ Ар реков пеј не застанви, за 50 евра имат Павароти да пејш…“да почне да му служи или на Заев или на Кољо, а кумоооооот давајќи му го имеееетооо на ова Божјо чедо уште не пркнато да му дадеееееее ииииииии партиска книиииии ииии иииии ииииишкааааа. Во името и во служба на Зоран, Никола или друг шо ќе дојт на власт, АМИН“.

Така Попе ами како. Дур се мислам кај ќе ми забегат после 15 години, со примање на христијанство море нека примит и политика. А ти куме, од сега координаторе, пази шо книшка ќе му дајш на беблаков з`ш сега со новиве крштевки, ај не си веќе кум, ами си политички координатор на бебево за вработвење. Пази како понатаму. З`ш како велет, на небо Господ , на земја политичкиот координатор, некогаш кум. И немој на детево да му дајш плакати да лепит зш му си Божји координатор не обичен координатор.
За прв роденден мани го во Извршен, на кај пет години во Централен, за полу матура министер…..еееее поубав поклон од ова амин. А? И негде пред полнолетство да станит премиер. Значи премиер и доста му се 10-тина години да парталосат све. Можда пак и тебе ќе ти фрлит некој трошка. Ај доста муабет. Влегвите в кола, ојте на бензиска јас частам бензин. Сите да си турите по 40 литри з`ш централната крштевно-политизирана прослава е на новоно шеталиште во Подмоље.

Ајде уживај, не траскај. Ќе не соберит сите. Не бадијала дадоа 200 000 евра алоооооооо. Да не речам ич пари. Плус то долга е па да не претерам , ама ама ич малку 120 метра можда плус и некој сантим. Како не ќе не соберело ебати то политичкиот координатор, кумот. Одма негативно расположен.

Плус и ова патека имат стратешко место и цел. Доразвој на развиениот туризам во НСРМ. Како ам. Ете блиску е и аредоромот. Со то ќе се избегнат тантарајнците при слетвење и полетвење з`ш ќе свртит еден круг над патеката ќе ги истресит одозгора во вода туристите и пичи по нови на нова тура. Да бе.

После развој на семинарскиот труризам. Мојт и такво нешто да се средит таму. Да се продават семе. Ами ко ќе идат странски делегации? А? Слетвит на аеродром некој глауч, ќе стрчнит со си обезбедување до подмолската патека и од таму ајде мајкаааа со глисер до Инекс. Кај шо битисвет политичариве ко ќе дојдет.

Со то и ние охриѓаниве, народов штедиме пари. Немат да морат да купвиме 3 кила мартадела, гајба пиво, вегета и кромид дур дремиме по кружниве текој за да поминит некоја делегација. Не така? После знајш како ќе е лична патеката ко ќе се накупарет овие со тезгиве со семки, со гашчи, со опинци дебрчки, после мојт и да се продавет тапани. Да бе. Белчишта е главен град на Дебрца, а белчишките тапани се познати низ цела Европа ееее дури до Токио. Така ќе се запознајт Европа со нашата фолклорна традиција.
Е сега види уште нешто шо не ти е познато. Све ова шо ти го кажвам е само за налето. А ко ќе поминит летото опааааа настапвит патеката пак, а со то и она шо години не можевме да го развиеме – мултитаскинг објект. Опааа батоооооо. Лајна ќе јајт Прогресо во Јукатан Мексико, Ротердам Холандија, Глазгов, а пак она во Солун и Атина ќе се вагинален чад за нашето светско Подмолско пристаниште. Море ќе станиме најважна аква-трансверзала за поморска и прекуокеанска трговија во светот. Море то нафти, море семки, море кикирики, море чорапи, шо не ќе се носит низ светов преку него, лекој за хемороиди. Е сега дел од робата ќе останит на тезгите шо ќе се таму, дел пак од робата шо е на тезгите, како алки, закачалки, игли бабушку, опинци, ќе ја извезвиме низ светот преку ова пристаниште.

Тук се забрбав многу. Ако туривте бензин да платам и да ја упрајме на кај Подмоље. Зш овај идниов премиер шо го крстивме мислам дека се посра да го преслечиме побргу. Само не брзајте. Пред нас требит да стигнет змијарскине екипи, екипине од Комуналец со 30-тина трактори да се исчистит све и ние на рајат да си ја поминиме централната церемонија. И речу ми на коначарон шо не чекат, а се појавивме на пристаништето одма да ја манит песнана “Зошто си ме мајко родила“. Зш овај идниов премиер шо се посра знајт “Зш го мајка него родила“.

ЏИМИ
[email protected]

Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив