Со подршка на родителите, и помош од хотелот „Дипломат“, лична помош на нашиот сограѓанин Ацо Спироски, на локалната самоуправа и други донатори и спонзори, фудбалскиот подмладок на Охрид ги продолжи натпреварите во Лигата која е организирана со цел да се даде соодветен прилог во непречената работа на Домовите за деца без родители.
Со своите успешни настапи, најмладите охридски фудбалери покажуваат како од мали нозе се всадува чувството за хуманост преку спортот.