– Прашуваме кој е легитимитетот на овој парламент ако во него учествуваат само членови кои по своја желба ги избираат од МСО? Работата на младинскиот парламент треба да има полн легитимитет. Се сомневаме дека овој парламент без присуство на највлијателните политички подмладоци ќе го нема тој легимитет. – велат од Унијата на млади сили на ВМРО НП.
Оттаму информираат дека своите идеи за развој на младинската политика ќе ги промовираат и остваруваме преку своите членови во Градскиот совет.
Подмладокот на Народна, го оспорува легитимитетот на Младинскиот парламент
Ученици од основните и средните училишта, млади од факултетите, здруженија на граѓани како и од политичките подмладоци се дел од Младински парламент, што свечено беше формиран вчера. Целта на овај парламент, како што беше решено, е младите директно да бидат вклучени во креирањето на политиките на локално ниво, и да помогнат во процесите на донесување на одлуки.