На меѓународниот фолклорен фестивал „Маре Адриатико“ што од денеска до 1 јули ќе се одржи во Пезаро – Италија, учество треба да  земе и подмладокот на културно-уметничкото друштво „Отекс“ од Охрид .

Младите играорци во Италија според најавите ќе се претстават со дел од богатиот репертоар на песни и игри од Македонија.

На фестивалот во Пезаро покрај „Отекс“ ќе учествуваат и ансамбли од Србија, Црна Гора, Канада, Унгарија, Италија и од други земји.


Подмладокот на КУД Отекс

ohridnews
фото: ДИГИТАЛ ФОТО МИКИ