Подмладокот ФК „Црвена звезда“ (младинска и пионерска категорија) на подготовки во Охрид. Белградскиот клуб ќе тренира за претстојната сезона на фудбалските  терени на Ј.П. Билјанини извори, информираат од претпријатието.

Подмладокот на ФК „Звезда“ на подготовки во Охрид

Од денес до крај на месецов подмладокот (младинска и пионерска категорија) на белградскиот фудбалски клуб ќе е на подготовки во Охрид. За време на зимските подготовки тимовите ќе изиграат и неколку припремни пријателски натпревари со соодветните категории на нашите фудбалски второлигаши, велат од Ј.П. Билјанини Извори

Инаку, на терените во Охрид, традиционално во Јануари на подготовки беа фудбалерите на Ф.К. „Ренова“.

 

OhridNews