Подметнат е пожар од непознат сторител на депонијата Буково во текот на ноќните часови информираат од ЈП Охридски Комуналец.
Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец” веднаш излегоа на терен со цел да се превземат сите неопходни мерки за локализирање и гаснење на истиот. Во гаснењето на пожарот се вклучија екипите на ТППЕ од Охрид, а со специјална механизација опожарениот дел од депонијата ќе се покрива со големи количини земја, велат од претпријатието.
Додаваат дека веднаш се известени и во СВР-Охрид за поднесување пријава за подметнат пожар од непознат сторител.
OhridNews
фото. Архива