На само три дена пред почетокот на Светското првенство-СП за јуниори што ќе се игра во Охрид и Скопје, интензивно се работи на средување на „Билјанини извори “.
„Мондо„подлогата е поставена и последната тест средба пред почетокот на СП, нашите ракометни јуниори против Тунис вечерва ќе ја играат на новата подлога. Неа вчера макотрпно ја местеше експертот од Италија, Фабио, кому наместо ветената помош во луѓе од организаторите му се најдоа вработените од спортската сала, но она што е најважно подлогата е наместена.
мајстор Фабио од Италија …
…мајсторски си ја заврши работата
Покрај подлогата донесен е и ракометен семафор кој како што дознаваме наместо овластен сервисер го поправиле вработените од салата(расипани биле неколку сијалички). Се работи и на средување на надворешниот изглед. Во изградба е уште една сообраќајна лента која би водела до паркингот пред салата.
интензивно се работи и надвор
Инаку црвено-жолтите со умерен оптимизам ги очекуват настапите на првенството. На првиот ден на првенството во понеделник во 21.00 ч. ке играме против Ангола , два дена подоцна во среда е натпреварот против фаворизираната Шведска, а во четврток играме против Португалија. Натпреварите во групата ке ги заокружиме против Кувајт во сабота.
Мирко Постоловски
Горан Момироски