По повеќе од 20 дена работа на стадионот “Билјани извори“ заврши поставувањето на тартан подлогата. Италијанскиот тим немаше многу среќа со времето, целата работа се оддолжи, но видно беше задоволството на лицата на пристуните на последната “клапа“ од мозаикот наречен атлетска патека.


 – И покрај лошите временски услови во изминатиоив период успеавме да ја завршиме патеката. Од друга страна пак ваквото време беше одлична можност да се увериме во квалитет на поставениот таратан. По поставувањето на подлогата нареден чекор е хортикултутурното средување на стадионот за што се надеваме дека градот и компаниите ќе ни излезат во пресрет – ни рече членот на ИО на АФМ Иван Цветкоски

За подлогата која ја поставија преставниците од Италијанскиот Мондо, Џан Франко Беното и  Франко Сапа велат дека ќе биде мошне брза патека на која ќе се постигнуваат врвни резултати.


– Во оваа работа сум повеќе од 20 години, Охрид доби убава “писта“ на која се надевам дека охридските и македонските атлетичари ќе постигнуваат резултати кои ќе им донесат пласман на ОИ во Лондон 2012. Ние од Мондо би се гордееле со секој успех на македонците – рече Беното.

На подлогата во Охрид и фали уште одбележувањето на линиите кое поради ладното време беше одложено за март наредната година. По обележувањето на патеката, АК Охрид во средината на мај ќе организира атлетски митинг на кој ќе биде промовирана новата патека.

М.Постоловски