Подивена слоница убила најмалце седум и повредила 24 луѓе во едно село на север во Индија пред да биде убиена, изјавиле одговорните.
Слоницата влегла во селото Будахеда, на границата од Националниот парк Џим Корбет, и почнала да ги уништува посевите.
Жителите од селото се обиделе да ја избркаат, а таа ги нападнала и почнала да ги гази.