Четвртооделенци од ОУ „Христо Узунов“ денес се запознаа со пчеларството, начинот на одгледување пчели и создавање мед, но и позитивните придобивки од конзумирањето на истиот за здравјето. Предавањето беше организирано од страна на Здружението на пчелари Охрид.

Наум Трпчески, претседател на Здружението вели целта на ваков тип предавања е подигнување на свеста за пчеларството и вродување на љубовта за одгледување на пчели од најмала возраст.

Некои од дечињата на оваа возраст се веќе запознаени со пчеларството бидејќи имаат во фамилијата членови кои се занимаваат со пчеларство, но голем дел немаат познавања. Овој проект го реализиравме и претходната година и истиот се покажа како доста успешен. И оваа година на иницијатива на дечињата и наставниот кадар вршиме обуки за тоа во што се состои работата во пчеларникот, колку е важно консумирањето на пчелните производи и бенефитот за нашиот организам. Оваа година започнуваме од ОУ „Христо Узунов“, но нашиот каравн ќе помине повеќе училишта од охридскиот регион, потенцира.

На предавањето децата имаа можност да видат со каков тип опрема се работи во пчералникот, но и со тоа кои се заштитни средства.

Претходната година на ваквите работилници имавме и сандаче со живи пчели, но бидејќи перидот оваа година не е за да се транспортираат живите пчели, изостанува тој момент. Беше доста атрактивен. Предавањата ги одржува долгогодишен пчелар од Здружението, професор во пензија, се со цел да се доловат сите аспекти и моменти на пчеларењето, истакна Трпчески.

Одржувањето на работилници од овој тип наидуваат на поддршка од раководството на училиштата и наставниот кадар бидејќи, велат се во насока на едукација на ученици.

Ваквите работилници и иницијативите на здруженија се од големо значење за нашите училишта во насока на подигнување на еколошката свест на учениците и здравата исхрана, вели директорката на училиштето Марина Ѓоргоска.

На учениците им беа поделени и мали пакувања мед, донација од Здружението, за како што потенцираа  да вкусат локален охридски мед.

Инаку, денешното предавање беше во рамки на годишниот план за работа на здружението.

Н.С.Ј.

фото. А. Момироска