Екипите на „Јавна хигиена“ го расчистуваа просторот во близина на плажата „Горица 3“, паркинг просторот и пристапните патеки. Од паркингот и од тревниот дел околу пристапните патеки се расчисти расфрланиот комунален отпад (пластични шишиња, картонска амбалажа, најлон кеси и др.)
Исто така расчистен е просторот во населбата Св. Стефан, тревниот дел на потегот опфатен со магистралниот пат Охрид-Св.Наум и крајбрежните објекти во оваа населба. Овие активности се реализираа по налог на општинскиот инспекторат. По силното невреме кое го зафати источниот дел од охридското крајбрежје во саботата, екипите на јавното претпријатие ги расчистуваа наносите од земја, песок и чакал по јавните површини во с.Пештани, како и во с.Елшани.
Пред почетокот на охридскиот пливачки маратон, ќе се расчистува и пристаништето во Свети Наум. Од езерските води околу пристаништето ќе се расчисти натрупаниот отпад, ресата и трската.
OhridNews