Екипите на јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ реализираа акција за чистење на расфрлан комунален отпад покрај патниот правец Охрид-Скопје, на потегот од „Петља“ до Подмоље.
Од јавното претпријатие информираа дека акцијата почнала во раните утрински часови, а учествувале осум комунални работници. Расчистен е и потегот кај автобуската постојка кај село Подмоље до стариот пат Охрид-Струга.
Во рамки на акцијата подигнати се огромни количини пластична и хартиена амбалажа и друг вид ситен отпад (околу 60 вреќи) расфрлани покрај коловозот и во тревните површини.