Изминатиов викенд во организација на ОО на Сојузот на борци од Охрид и Дебарца на плоштадот во Белчишта беше поставено уште едно спомен обележје- биста на Трајче Дојчиноски борец од Белчишта кој млад загина во НОВ.
Пред преживеаните борци од Дебарца, членови на семејството на Трајче Дојчиноски и учесници на колонијата Дебарца 2007 за ликот и делото на борецот говореше м-р. Благоја Силјаноски, поранешен пратеник од оваа изборна единица.
Спомен бистата ја откри градоначалникот на Дебарца Љупчо Којчиноски.