Oд денеска во Охрид отпочнуваат подготвителни активности за показната симулациска вежба која, припадници на МВР ќе ја реализираат на 17 овој месец кај каналот „Студенчишта“ во Охрид, а потоа на одредени точки во водите на Охридското Eзеро, информираат од СВР Охрид.
Поради тоа, од денеска до 17 октомври, од 05 до 13 часот, полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ во соработка со Капетанија на пристаништата, ќе спроведат ограничување на внатрешната пловидба на дел од пловниот пат од каналот до комплексот „Инекс“. Од денеска до 17 овој месец, ќе има комплетна забрана за движење по пешачките патеки околу комплексот „Инекс“ како и забрана за паркирање на паркинг просторот кај хотелот „Инекс Олгица“. На 17 октомври, на денот на изведување на показната вежба, од 10 до 13 часот, забрана за движење ќе има и на пешачката патека од мостот кај каналот „Студенчишта“, истакнуваат од СВР Охрид.
Воедно упатуваат апел граѓаните да ги почитуваат насоките на полициските службеници кои, на овој простор ќе преземаат мерки од областа на безбедноста.
OhridNews