Подготвителен состанок за претстојната туристичка сезона ќе се одржи денеска помеѓу надлежните општински сектори и инспекторатот со станоиздавачите.

Состанокот има за цел постигнување поефикасни и поуспешни резултати преку подобрување на комуникацијата и координацијата помеѓу институциите и туристичките субјекти, информираат од Секторот за туризам и локален економски разој.

На состанокот ќе присуствуваат претставници од Секторот за Туризам и ЛЕР, Општинскиот инспекторат, Државна пазарна инспекција и СВР Охрид.

Ohridnews