Македонски министри и делегација од НАТО денеска  во х. Инекс ќе одржат подготвителен состанок за Безбедносниот форум на Евроатланскиот партнерски совет, што ќе се одржи на 28 и 29 јуни во Охрид.
 
За подготовката Форумот ќе разговараат министрите Антонио Милошоски и Аднан Ќахил, а НАТО-тимот ќе го предводи Бернд Гетце, секретар на Североатлантскиот совет и прв човек на директоратот за организација на министерски средби.

Попладне на средбата се очекува да се придружи и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.

Македонија на добар пат да добие покана за членство во НАТО во 2008

Македонија е на добар пат да добие покана за членство во НАТО во 2008 година, оценува Стивен Маер, експерт од Националниот универзитет за одбрана во Вашингтон.

Тој во изјавата за Гласот на Америка – Програма на македонски јазик појаснува дека Република Македонија нема големи пречки на патот кон полноправно членство во Алијансата и оти е меѓу аспирантите кои предничат во тој процес.

Не верувам дека има големи препреки. Тоа повеќе зависи од НАТО, а не од Македонија. Мислам дека во НАТО има добро расположение во однос на Македонија. Прашањето е дали НАТО може да апсорбира нови членки. Македонија е една од аспирантите што предничат, вели Маер.