Организмот  во есенскиот и зимскиот период е подложен на сите видови на вируси и настинки, но и за тоа има решение.

Стигнува време на разни вируси и настинки, а организмот тешко ќе се избори со нив ако не му помогнеме и не му дадеме дополнителна енергија на имунолошкиот систем.

Затоа еве еден одличен и едноставен рецепт кој ќе го направи токму тоа – ќе даде сила за борба против болестите.

Состојките се лимон, мед и ѓумбир, секоја за себе моќен лек, а во комбинација речиси непобедлив. Витаминот Ц и органските киселини од лимонот отсекогаш се користат за лечење на настинки, а силата на ѓумбирот и медот е огромна.

Состојки:

-2 помали или поголеми непрскани лимони, заедно со кора
-Природен мед по желба околу 200 мл
-1 среден корен ѓумбир

Припрема:

Лимонот измијте го, ѓумбирот излупете го и сето тоа исечете го на ситни парчиња, а потоа сомелете го во блендер или со помош на миксер. Додајте го медот и добро измешајте, ставете во чиста тегла и чувајте го во фрижидер.

Употреба:
1 лажица дневно
За деца една мала лажичка.

извор:metro-portal.hr