Денови не делат од спектаклот на годината во Охрид, „Зимска бајка“. Најочекуваниот забавен настан кој оваа година ќе биде во знакот на 7-та уметност – филмот, ќе понуди извонредно доживување кое ќе биде надополнето со одличен звук и визуелни ефекти.
Изведувачите веќе подолг период работат на репертоарот, а под полна пареа е фантастичното кабаре „2Mothers Brothers“, кое на оваа „Бајка“ ќе настапи во засилен состав, со свеж и актуелен материјал.
Подгответе се за смеа до солзи, порачуваат момците од „2Mothers Brothers“, кои со видео спот за песната „Клопотарци“, премиерно изведена на минатогодишната „Зимска бајка“, го најавуваат спектаклот кој ќе се случи на 28 декември. во 20 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“. Клопотарци е „Блага“ преработка на “Jingle bells” во охридско-дебрчки стил, велат „2Mothers Brothers“.
За Филмската „Зимска Бајка“ се бара карта повеќе. Во продажба останаа уште малку карти, кои единствено можат да се најдат во „Топ Маркет – Ориент, кај чинарот.
OhridNews