Традицијата продолжува. Најдоброто од Охрид за празниците доаѓа спакувано во новата „Зимска бајка“ со безвременските музички хитови и најдобриот хумор. Најочекуваниот настан во градот, ќе се случи пред Нова година на 24-ти декември, сабота, во разубавен претпразничен амбиент во Центарот за култура „Григор Прличев“.

„Зимска бајка 2016“ ќе не однесе на магично патување низ спомените со безвременските македонски евергрини во изведба на Емилија Маринова – вокал и пијано, Драган Василески (Камелеон) – вокал, Горан Папаз – саксофон, Филип Стојковски Зизи – тапани, Јане Тодороски – бас и Роберт Милески – гитара. Специјален гостин на шоуто е полуфиналистот од неодамна одржаниот светски натпревар во стендап Никола Тодороски, кој ќе настапи со нов материјал, ексклузиво подготвен за оваа прилика.

Деведесет минутното претпразнично уживање ќе биде надополнето со бајковит амбиент, визуелни ефекти и беспрекорен звук на „Labino Sound“.

Влезниците за концерот на годината во Охрид со најдоброто од македонската музика за сите генерации и стендап шоуто на Никола Тодороски, во продажба ќе бидат пуштени претстојниот викенд во „Топ Тобако“ градски плоштад, чаршија и кај чинарот, трафика „Фибос“ и мјузик шоп „Зи Зи Топ“ по цена од 250 денари во предпродажба, а на денот на настанот влезниците ќе чинат 300 денари. И оваа година ложата на Центарот за култура е ВИП каде уживањето ќе биде збогатено со добро вино. Повеќе информации околу резервациите во ВИП делот на: 075 453 293.

Местата се ограничени, затоа навреме резервирајте си седиште за најубавата „Зимска бајка“!

OhridNews