Во рамките на активностите во делот на подготвеност и дејствување при катастрофи, а како подготовка за предстојното Европско првенство во ракомет за жени, Црвен крст Охрид во соработка со ЈП “Билјанини извори”, организира показна вежба на евакуација од спортската сала “Билјанини извори”, според евакуационен план и одредено сценарио.
Вежбата има за цел да ја покаже подготвеноста на субјектите одговорни за безбедноста при одвивање на масовни манифестации во затворени објекти, во случај на инцидентни ситуации навремено и ефикасно да делуваат.
На вежбата Ќе учествуваат соодветни тимови на Црвен крст Охрид, СВР Охрид, Царинска управа, противпожарна бригада Охрид, агенција за обезбедување “ Питон ”, Итна медицинска помош и вработени во ЈП ” Билјанини извори “.
Вежбата која ќе започне на 22.11.2008 г. (сабота) со почеток во 10:00 ч., e прва и единствена вежба од ваков вид во Република Македонија.