Охрид и Македонија нема да ја загубат организацијата на ЕП во ракомет за жени што од од 2 до 14 декември треба да се одржи во нашата земја уверуваат челните луѓе во градот. Штета од непроценливи размери би му се нанела на Охрид од загубата и неорганизирањето на Европското Првенство.

– Иако ги немаме добиено, убеден сум дека тие забелешки не се големи и нема да ја загрозат организацијата на ЕП во Охрид ,евентуалното одземање на организацијата на ЕП на Охрид ќе биде голем удар за Охрид. Најмалку ќе биде важно тогаш кој е одговорен за тоа , ни изјави вчера  директорот на ЈП Охридски Комуналец, Боро Павлоски. Тој сепак смета дека Охрид како туристички центар со целиот свој капацитет е идеално место за одржување на натпреварите од ЕП и дека до одземање на организацијата од страна на ЕХФ нема да дојде.
 
На вчерашната седница на УО на РФМ покрај останатото на дневен ред беше и одредувањето на датумот за инскпецијата на ЕХф преовдена во ген- сек Видерер. На место првично планираната  генералната инспекција на салите, хотелите и на целата инфраструктура да биде во мај, таа ќе биде порано извршена на почетокот на март.  Во зависност од тоа кои репрезентации ќе играат во Скопје, а кои во Охрид, ќе се утврдуваат и потребните стандарди за работа на тимовите и на медиумите.

Во денешното издание на дневниот весник “Дневник “ беа истакнати дел од забелешките на ЕХФ за салата. Што треба да се подобри?

* Димензиите на теренот за да може да се постават реклами.
* Да се разгледаат ѕидовите што се веднаш зад головите.
* Слаба или никаква инфраструктура за ТВ, за техничарите и за нивната опрема.
* Повеќето простории во салата не се добро поврзани и се без концепт.
* Изгледот на целата зграда.
* Визуелниот изглед на внатрешноста, многу различни бои, портокалово, жолто, сино.
* Капацитетот на осветлувањето.
* Места и услови за новинарите.

Со реконструкција и генерално шминкање, вклучувајќи и чистење на околината, салата може да се користи за ЕП. Треба да се размислува да се има и повеќе простор за записничката маса, за т.н. микс-зона за играчите и за медиумите, место за фоторепортерите, за новинарите на трибините.
 
ВИП-собите се сместени на горниот кат и имаат добар поглед на салата, но е потребно целосно реновирање. Реновирање на сите соблекувални, паркинг-простор блиску до салата, струја, ИСДН,Интернет  и друга комуникација.

И додека ние си седиме и ги чекаме забелешикте, останатите (Велес, Битола, Гевгелија) работат на поправање на инфрастурктурата и на отсранување на недостатоците.

ohridnews