Иако подготовките започнаа доста доцна, сите обврски за непречено одржување на Безбедносниот форум на НАТО на 28 и 29 јуни во Охрид ќе бидат навреме извршени, најавува локалната самоуправа.

Градот Охрид иако има лимитирани можности прзеде дел од обврските околу оранизацијата на самитот затоа што сметаме дека покрај големото политичко значење овој голем настан е и од големо значење за развој на туризмот, смета градоначалникот Александар Петрески.


од поправката на Туристичка

Во Охрид очекуваме околу 10.000 гости за време на Самитот, и тоа е најдобра прилика за презентација на туристичките можности и капацитети на градот во светот, вели  Петрески.

Тој рече дека комуникацијата поомеѓу централната и локалната власт околу организацијата на НАТО самитот е одлична и дека и градот и државата ќе сторат се Охрид и Македонија да се покажат како добри домаќини.

Г. Момироски