Привршуваат подготовките за првиот училишен ден. Се купуваат ранци, тетратки, блокови, прибори за пишување…Изборот е навистина голем. Полиците на охридските книжарници се преполни со најразлични прибори кои го привлекуваат вниманието на учениците, со квалитетот и изгледот соодветно на најновите трендови кај младите.

Цените речиси еднакви како и минатогодишните. Родителите велат-колку имаш, толку ќе потрошиш.

  • За среќа учебниците кои беа најголемиот трошок сега ги даваат од училиште. На нас останува да купиме корици за книгите да се заштитат затоа што на крај од годината се враќаат. Годинава не купивме ранец имаме од минатата година, така да немавме големи трошоци за подготовка,
  • За две деца ученици едно во прво одделение, другото во трето од семејниот буџет издвоивме околу 3500 денари, за боички, тетратки, и ранец за првоодделенецот, велат родители кои ги затекнавме во охридските книжарници.

Продавачите потврдуваат дека цените на училишните прибори се непроменети во ооднос на минатогодишните.

  • Сега имаме поголем избор, пред се на тетратки кои се во тренд и кои најмногу се бараат од страна на повозрасните ученици, велат од книжарницата Просветно дело.

Цената на тетратките се околу 20 денари, иста е цената и на блоковите. Цената на училишните ранци се движи од 280 до 3000 денари зависно од големината и квалитетот.

OhridNews