На нешто помалку од еден месец до одржувањето на најпознатата спортска манифестација кај нас, Охридскиот пливачки маратон 2023, во полн ек се подготовките за успешна реализација на 36-то издание, за што традиционално има голем интерес кај пливачите од сите меридијани во светот. Така е и оваа година.
Своето учество на Охридскиот пливачки маратон до сега го потврдија пливачи од маратонската елита, што е добра најава дека и оваа година на 25 километри долгата патека „Климе Савин“ од Охрид до Св. Наум, ќе гледаме возбудлива маратонска трка. Конечниот број на уесници ќе се знае по завршување на рокот за пријавување кој се уште трае.
Настанот е во целосна организација на Општина Охрид која ги покрива сите трошоци за пливачкиот маратон, а технички организатор е ПК „Охридски бранови“ – Охрид во соработка со Пливачката федерација на Македонија. Наградниот фонд на 36. Охридски пливачки маратон изнесува 12000 евра, од кои 10000 обезбедува Агенцијата за млади и спорт.
Охридскиот пливачки маратон 2023, ќе се одржи на 26 август.
Г.М.
Фото: А. Момироска/архива Охридњуз