Металург повеќе од успешно ги мина подготовките во Охрид победувајќи на два од трите контролни натпревари. „Зелено белите“ со 2-1 и 1-0 ги совладаа Младост Царев Двор односно Љубанци, а ремизираа 1-1 со тимот на Пелистер.

 

– Од одиграните натпревари сум презадоволен, а и исто така и од подготовките. Им дадовме шанса на сите фудбалери кои си ги одработија задачите максимално професионалнио. – рече Марјан Герсимовски.

Десетдневните подготовки во Охрид ја избрусија формата на „металурзите“, а до почетокот на шампионатот во Скопје ќе ја одржуваат.

– Овој дел од подготовките е најтежок, но и најбитен во целиот процес. Охрид ни е стандардна дестинација. Тука можиме прво да се одмориме, а потоа да работиме во фантастични услови. – додаде Герасимовски.

Шефот на стручниот штаб вети голема борба за бодовите на „Железара“ и на стадионите на кои Металург ќе игра како гостин.

– Нашиот адут е физичката подготвеност и спојот на младоста и искуството. Мора да се бориме за секоја топка бидејќи само така можиме да им парираме на противниците. Оваа година лигата ќе биде доста конкуретна и немаме право на грешки. – заврши Герасимовски.

Ohridnews