20 Август е датумот на кој Охридскиот АМАК СП ќе стартува со подготовките  за новата сезона.  Првичниот план беше подготовките да стартуваат на 6 август, но обврските на новиот шеф Лазовски со “А“ репрезентацијата на Македонија го одложи стартот подготвките за новата сезона

Првиот состанок ќе го оствариме на 20 Август  точно на пладне , а првиот тренинг ќе го имаме вечерта во 18,30 во Спортската сала Билијанини Извори –  не информираше Лазовски.

Подготовките ќе се одвиваат во Охрид, каде не само што ќе се темпира формата него и ќе се пробаат новите засилувања, на позициите 4 и 5 каде охриѓани останаа најтенки .

Имаме листа на играчи кои ќе ги провериме на лице место на стартот на подготовките, па тогаш ќе одлучиме кого ќе ангажираме. Сигурно дека ќе се засилиме на внатршните позицци,  додека на надоврешните сметам дека сме доволни покриени.

Во новата сезона Охридскиот тим ќе влезе со изменет состав. Покрај

староседелците браќата Стојановски, Неделков и Фрај на тимот му се приклучија Богоев и Софкоски.

Нема да има промени во стручниот штаб каде остануваат охриѓаните Марјан Бошале и Горан Цветковиќ.

Формата за новата сезона во која охриѓани влегуваат со големи амбиции ќе ја темпираат преку пријателски натпревари. Во план е да се одиграат неколку меча со екипите кои се на подготовки во Охрид, Работнички, грчката Лариса, а не е исклучена и можноста за контролен меч против тимот на селекторот Арсиќ.

М.Постоловски