Нацртот текстот за законот за Охрид е во финална фаза и се очекува тој наскоро да биде ставен  во процедура. Овој закон треба да овозможи поголема заштита на културно-историските добра, но и значително да ги зголеми критериумите во однос на градбата во старото градско јадро.

Елаборатот за заштита на стариот дел на градот го изработи охридскиот завод и музеј. Со него се утврдуваат границите помеѓу заштитеното старо градско јадро и новиот дел на градот, ни изјави неодамна  Јордан Трца, директор на Завод и Музеј. Спорд него посебен закон за Охрид е потребен за да се спречи засилената урбанизација која често пати е и нелегална и да се заштити автентичноста на страриот дел на градот.

„Граѓаните настојуваат да ги преадаптираат објектите за друга намена, најчесто и во угостителски или хотелски цели, на тој начин обидувајќи се да го решат прашањето на егзистенција, што особено стана актуелно по пропаѓањето на големите стопански капацитети во градот“, вели Трца. Луѓето кои останаа без работа се обидуваат тој проблем да го решат во рамките на нивните објекти и притоа најчесто ја нарушуваа архитектурата на објектите, особено на фасадите, а се градеа и поткровја кои воопшто не се карактеристични за Охрид, додава Трца.


Со Законот за Охрид поголема заштита на културното наследство

Трца смета дека Законот на Охрид ќе ја одигра својата улога, бидејќи ќе се воспостават нови поригорозни правила со што ќе се овозможи поголема заштита на бројни значајни објекти.

Покрај ова вели Трца потребно е да се внимава и при изградбата на нови објекти во стариот дел на Охрид, бидејќи покрај богатото културно-историско богатство, архитектирата е таа што ги привлекува странските туристи.

Горан Момироски