Сојузот на борците од Охрид денеска со почеток во 10 часот во своите простории ќе одржи прес-конференција. Тема на пресот ќе биде одбележувањето на Светскиот ден на мирот-21 Септември.
По овој повод, Општинската организација на Сојузот на борците на 21 Септември ќе организира ” Марш на мирот” на потегот од охридското пристаниште, по кејот и каналот “Студенчишта”, до спомен-паркот на паднатите борци. Граѓаните кои сакаат да го одбележат овој ден можат да се приклучат кон маршот.
Од организацијата на борците велат дека оваа активност од годинава ќе премине во традиција.
Ohridnews