Започнаа подготовките за Безбедносниот форум – ЕАПС, што ќе се одржи во Охрид, на 28-ми и 29 јуни оваа година. Во рамките на подготовките за форумот, неодамна во работна посета на земјава престојуваше тим на НАТО, кој подготви извештај, што вчера беше разгледан на седница на Владата.
Од 9-ти до 11-ти овој месец, во работна посета на Република Македонија, поточно на Охрид и Скопје, престојуваше тимот на НАТО одговорен за организација на форумот. За време на посетата презентирани овој тим ги разгледа инфраструктурните капацитети во Охрид предвидени за одржување на Безбедносниот форум, како и планираните придружни организациски ангажмани неопходни за негово спроведување.