Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, со цел да се сподели празнична радост и внимание, градоначалникот Кирил Пецаков, претседателот на Советот на Општина Охрид, Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид, Александар Китески, и раководителот на секторот за образование Димитар Спасески поделија вкупно 450 новогодишни пакетчиња, информираат од Општина Охрид.

Новогодишни пакетчиња беа поделени во Дневниот центар „Доброљубие“ во црквата „Свети Ѓорѓија“, Дневниот центар „Зраци“, Здружението „Во мојот свет“, здружението „Тајните на моето срце“, како и на дечињата кои се лекуваат во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ и во Општата Болница во Охрид, велат.

Пригодни подароци, додаваат, беа поделени и на згрижените пациенти во Одделението за геријатрија при Општата Болница.

OhridNews