Поделбата на меѓуопштинското јавно претпријатие „Проаква“ треба да биде официјализирана во петок со одлука на Советот на општина Охрид.

Планот за поделба на МЈП „Проаква“ е прва точка на дневниот ред на 41-та седница на Советот што ќе се одржи в петок, на која уште треба да биде  донесена и Одлука за утврдување на поделбата на МЈП „Проаква“-Струга,  како и  Предлог-Одлука за давање согласност на Статутот на МЈП „Проаква“-Струга и Предлог-Одлука за давање согласност на Статутот на ЈП „Водовод“- Охрид.

На дневен ред на оваа седница ќе се најде и одлуката за утврдување Нацрт на Детален урбанистички план за Урбана Заедница 17, урбан блок 17.4, опфат 1 (дел од Спортски центар – „Гранит“, „Трудбеник“) каде според ГУП е предвидена изградба на хотелско-угостителски комплекс.

Г.М.