Поделбата на Проаква е готова работа смета претседателот на Советот на општина Струга Сејфула Хани според кого, за ова согласност дала и општината Охрид.
Градоначлникот на Охрид Александар Петрески во изјава дадена за медиумите, неодамна тврдеше дека нема никаков договор со градоначалникот на Струга Мерко за поделба на Проаква, иако не ја исклучи можноста тоа да се случи.
Извештајот за работата на Проаква врз основа на кој советите на општините ќе треба да донесат одлука за поделба е подготвен и тој веќе бил доставен до општинските раководства.
За поделбата на Проаква прв ќе расправа советот на Струга, веќе денеска.
Поделбата на “Проаква“ е готова работа
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com