Предлог-одлука за давање согласност на одлуката за поделба на МЈП ”Проаква” Струга со раздвојување со основање и раздвојување со превземање (комбинирана поделба), ќе биде на дневен ред на седницата на советот што ќе се одржи утре со почеток во 11 часот.

Советниците ќе расправаат и за предлог-одлуката за давање согласност  на одлуката за усвојување на планот за поделба на МЈП ”Проаква” Струга и склучување на спогодба за присоединување кон ЈП Колекторски систем Скопје преку комбинирана поделба-раздвојување со основање и раздвојување со превземање, како и за предлог- одлуката за поделба на МЈП ”Проаква”Струга преку комбинирана поделба-со раздвојување со основање и раздвојување со превземање.

OhridNews